Анкета Рејтинг: Пендаровски во водство пред Силјановска Давкова

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова на централните митинзи

Кандидатот за претседател, поддржан од СДСМ и коалицијата би добил 38,3 отсто од гласовите на претседателските избори, доколку утре се одржат изборите. Ова го покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1.112 испитаници.

За кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова се определиле 33,2 отсто, а за кандидатот, поддржан од албанската опозиција Блерим Река, 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат.