Драги – Финансискиот сектор да ги продолжи подготовките за Брегзит

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги

Финансискиот сектор треба да ги продолжи подготовките за сите можни сценарија за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

Одложувањето на Брегзит „значи дека ризикот од работ на безднатае избегнат во краток рок“, но „финансискиот сектор треба да продолжи да се подготвува за сите можни сценарија, вклучувајќи и неуреден Брегзит“, рече Драги на пролетното заседание на ММФ во Вашингтон.

ЕУ оваа недела одобри дополнително одложување на Брегзит до 31 октомври.

Генералната директорка на ММФ, Кристин Лагард, оцени дека дополнителното одложување на Брегзит ја продолжува неизвесноста, но и овозможува подобра подготовка за сите опции, вклучително и за Брегзит без договор.