Пукање во скопска касарна, уапсен Асанж, одложен Брегзит...
МАКЕДОНИЈА - Министерството за одбрана соопшти дека бил спречен обид за насилно влегување во касарната Гоце Делчев во Скопје, при што било рането лицето што се обидело да влезе во воениот објект.
РУСИЈА - Руските парламентарци го одобрија спорниот предлог-закон кој ќе и овозможи на Москва да го запре интернет сообраќајот во земјата за странски сервери.
УКРАИНА - Актерот и претседателски кандидат Володомир Зеленски ќе победи на вториот круг од претседателските избори во Украина, покажуваат податоците од најновата анкета на агенцијата Рејтинг.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската полиција соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, објавија светските новински агенции.
САД - Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека истрагата на неговиот тим за можни врски со Русија претставува обид за државен удар врз неговото претседателство.
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја би требало да им зададе разорен удар на оние кои ѝ наметнуваат санкции за да обезбеди економијата на земјата да биде силна, изјавил севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, јави севернокорејската агенција КЦНА.
СУДАН - Војската во Судан извршила воен удар и соопшти дека го уапсила долгогодишниот претседател Омар ал Башир.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / БЕЛГИЈА - Британската премиерка Тереза Меј и лидерите на Европската унија се согласија да го продолжат рокот за Брегзитот до 31 октомври.