Русија подготвена да ѝ продаде на Турција уште ракетни системи С-400

По изјавата на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, дека Турција може да нарача од Москва уште ракетни системи ако САД не ѝ ги испорачаат авионите Ф-35, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија дека би можела да ја прошири таквата соработка со Анкара.

„Русија е заинтересирана за проширување на воената и техничката соработка со другите земји и е подготвена да ги разгледа плановите за потпишување нови договори за испорачување на системот за ракетна одбрана С-400 во Турција. Русија е отворена, Русија има одредени способности и технолошка компетентност. Русија бара можности за проширување на оваа соработка. Тоа е апсолутно нормална практика“, изјави Песков, пренесува ТАСС.