ОН: Над 2000 луѓе го напуштиле Триполи, помош има за три месеци

Триполи, Либија.

За четири дена откако почнаа борбите во Либија и обидите да се освои Триполи, над 2.200 луѓе ги напуштија своите домови, соопшти хуманитарната канцеларија на Обединети нации. Во извештајот што беше објавен денеска се наведува и дека голем број цивили се заробени и отсечени и не можат да добијат помош.

„Се поголемото распоредување на трупи би можело да резултира со значително раселување на населението“, се посочува во извештајот и се додава дека агенциите на терен имаат итни медицински резерви за три месеци за третман на 210.000 луѓе и 900 повредени.

САД побараа итен прекин на воените акции во Либија во исто време кога Либиската национална армија (ЛНА) предводена од генералот Калиф Хафтар напредува кон Триполи.