Ердоган: Соработката со Путин расте и се зајакнува

Пред поаѓање за Москва, на состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија, турскиот претседател одржал брифинг со новинарите на кој нагласил дека соработката меѓу Турција и Русија расте и се зајакнува, објавија турските медиуми.

„Нашата соработка постојано расте и зајакнува. Состаноците на Високиот совет за соработка кој го основавме во 2010 година, продолжуваат на ист начин со институционален карактер“, рече Ердоган и потврди дека на средбата со Путин ќе разговараат и за Сирија.