Мицкоски убеден дека Сиљановска Давкова е идната претседателка

Архивска фотографија- претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Прилеп порача дека насекаде каде што патувале во рамки на предизборната претседателска кампања со нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова чувствувале победничка атмосфера.

“Најпрвин ајде заедно со најголемата коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот да победиме на 21 април и на 5 мај па дури потоа ќе му думаме како и кога ќе бидат предвремените парламентарни избори”, рече Мицкоски.

Тој го обвини премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев дека бил нервозен оти нивниот кандидат Стево Пендаровски немало да ја добие довербата на претседателските избори.