Ја следиме состојбата со мигрантите на јужната граница, подготвени сме да се соочиме и со зголемување на притисокот, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
“Собранието неколкупати ја продолжуваше одлуката на границата да имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледаше дека опасноста поминала, меѓутоа и јас и министерот за внатрешни работи велевме дека во поглд на мигранстките кризи мора да се навикнеме на новата реалност, а тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ и дека таа ќе биде најверојатно една од стандардните опасности и за нас, меѓутоа и за сите земји во регионот”, изјави Шекеринска одговарајќи на новинарски прашања во текл на присуството на НАТО трката во Скопје.
Инаку, во текот на вчерашниот ден дојдедо судир на мигрантите со грчката полиција во близина на Солун откако дел од нив се обидоа да стигнат до оградената граница со Северна Македонија за потоа да се обидат да стигнат и до западните земји. Како што се јавува, тие биле поттикнати од анонимните повици на социјалните медиуми за организирано патување на мигрантите низ балканските земји до западниот дел на Европа.