Иран – 70 загинати во поплави, населението се евакуира

Иран- оштетен објект од поплавата во провинцијата Лорестанм 03.04.2019

Иранските власти наредија евакуација на повеќе луѓе од градовите и селата кои се наоѓаат во областите што се под закана од поплави. Досега во поплавите загинаа 70 луѓе. До нив дојде по силните дождови кои ја зафатија земјата уште од 19 март. Под закана од поплави се 26 од 31 иранска провинција, а меѓу најпогодените се планиската област Лорестан и провинцијата Кузестан, која е произведувач на нафта. Во природната непогода се повредени речиси 800 луѓе, а 45 од нив се хоспитализирани.