Апсолутно нема да си поднесам оставка. Датум ќе има во јуни, оти нема причина да нема, ги реализиравме сите реформи, останува еве законот за јавно обвинителство, би било добро тоа да се заврши во април, за да ја избегнеме употребата во политичката кампања, изјави премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали ќе си поднесе оставка ако во јуни Северна Македонија не добие датум за преговори со Европската унија.
Премиерот Заев додаде дека имало напредок во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавното обвинителство со кој треба да се регулира и статусот на Специјалното обвинтелство, но, как што рече, ќе оставел тоа да го соопштат работните групи од двете страни.