Поранешни разузнавачи осудени за убиството на српскиот новинар Чурувија

Судење за убиството на новинарот Славко Чурувија. Специјалниот суд во Белград.

Судот во Белгад им изрече 30 годишна затворска казна на четворица поранешни разузнавачи за убиството во 1999 година на истакнатиот новинар Славко Чурувија, кој го критикуваше поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ. Чурувија, сопственик и уредник на два независни весници во тоа време, беше застрелан пред својот дом во Белград на 11 април 1999 година, неколку дена по почетокот на бомбардирањата на НАТО.

Судот во Белград денеска ги осуди поранешниот шеф на државната безбедност Раде Марковиќ и Милан Радоњиќ, кој беше задолжен за белградската разузнавачка служба, на 30 години затвор. Марковиќ веќе отслужува 40-годишна затворска казна за други политички убиства. Судот, исто така, им пресуди затворски казни и на поранешниот разузнавач Ратко Ромиќ и на Мирослав Курак, кој беше осуден во отсуство.