Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојува во повеќедневна работна посета на Република Португалија. Тој денеска се сретна со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос. На раговорите станало збор за поддршката од Португалија за европските интеграции на земјава, билатералната соработка меѓу парламентите на двете земји, како и за европските предизвици меѓи кои брегзит, влијанието на лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, итн.
„Сведоци сме на веројатно најтурбулентниот период за европскиот континент од Втората светска војна па наваму. Европските избори се одвиваат обремените со предизвиците што ги наметнува процесот Брегзит, континентот е сè уште под влијанијата на напливот на популизмот, радикализмот и екстремизмот, а сè уште се актуелни и современите хибридните закани “,изјави Османи.
Соговорниците заеднички нагласија дека и земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ имаат заедничка обврска во создавањето побезбедна, постабилна и просперитетна Европа, а Османи нагласи дека Република Северна Македонија претставува стабилен партнер на ЕУ на Балканот.