Мигранти во Грција во обид да стигнат до Северна Македонија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судири меѓу мигранти и полицијата во Грција

Стотици мигранти заглавени во Грција почнаа да пристигнуваат во близина мигрантскиот камп на десетина километри од Солун. Тие поставиле шатори. Имало и судири со полицијата.

Во судирите со полицијата имало околу двесте мигранти кои се обиделе да го пробијат кордонот.

Тие фрлаа камења врз полицијата по што таа интервенираше со солзавец и шок гранати.

Нема извештаи за повредени или за упасени лица.

Мигрантите од кои повеќето веќе имаат побарано азил во Грција, велат дека планирале да стигнат до оградената граница со Северна Македонија и да се обидат да се пробијат.

До ова најверојатно дојде по анонимните повици на социјалните медиуми за организирано патување на мигрантите низ балканските земји до западниот дел на Европа.

Мохамед Амер, 33-годишен мигрант од Сирија вели:

„Ја видов страницата во социјалните медиуми, Фејсбук, пред три месеци зборува за нешто да се оди сам без никаква владина помош на границите. Македонија, не знам точно каде, Македонија, Албанија или Бугарија, било кој пат да се комплетира за да се стигне до западна Европа“.

Дарја Вус, 35-годишен мигрант од Ирак пак додава:

„Нема веќе да чекаме. Никој. Сите луѓе доаѓаат тука заедно рака под рака, срце со срце да одиме на границите и да ги отвориме“.

За Сајџад Хамид, 27-годишен мигрант од Ирак, како што вели, нема алтернатива од тоа да замине од Грција.

„Имам четири деца, не одат на училиште, нема болница, нема лекари, немаме ништо. Јас сум тука во Грција една година и два месеца, немам ништо. Не зборувам грчки“.

Видете и ова: Мигрант починал, а шест се повредени откако ги исфрлил возачот што ги превезувал

Во почетокот на 2016 година овој пат беше затворен, откако повеќе од милион луѓе минаа низ Грција и Балканот до Германија и други земји.

Од тогаш повеќе од 70.000 баратели на азил се заглавени во Грција, откако Европа и Турција се договорија да го спречат миграцискиот бран.

Но, деновиве, поттикнати од социјаните медиуми големи групи мигранти доаѓаат и во Едрене на турско грчката граница.

Турската полиција досега уапсила околу 200 мигранти во обид по копнен пат да влезат во Грција.