Гутереш се надева на мирна транзиција на власта во Алжир

Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изрази надеж дека по оставката на алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлик ќе се случи "мирна и демократска транзиција на власта".

"Генералниот секретар го поздравува мирот и почитувањето што го покажа алжирскиот народ во изразувањето на желбата за промена", соопшти прес-службата на Гутереш.

Бутефлик вчера поднесе оставка под притисок на уличните протести. Претседателот на алжирскиот Национален совет Абделкадер Бесал ќе биде привремен претседател до распишување на нови избори.