Чешка испорача двајца Ирачани осомничени за тероризам во Австрија

Чешката полиција објави дека на Австрија ѝ испорачале еден маж (30) и една жена (27) од Ирак осомничени за терористички дејства. Тие, наводно, формирале терористичка ќелија заедно со еден човек уапсен во Австрија, кој извршил неколку неуспешни напади врз германските возови, објави АП.

Осомничените биле предадени на австриските власти и притоа се изјасниле за невини. Тие беа уапсени минатата недела во Прага, според потерница од Австрија.