Неколкумина осомничени вo судењето за експлозијата во метрото во Санкт Петерсбург во 2017 година тврдaт дека биле измачувани во притвор. Тие од властите се осомничени дека се поврзани со човекот кој го извршил самоубуствениот напад.
Обвинувања за мачење беа изнесени откако 11 те осомничени имале разговор со активист за човекови права, кој подоцна кажа дека еден од нив раскажувал дека бил пренесен во "таен затвор" и бил подложен на електрични шокови и други злоупотреби. Јана Теплицкаја, членка на групата што ги брани правата на затворениците, за медиумите изјави дека Мухамадиусуп Ерматов бил малтретиран откако бил уапсен во Санкт Петербург на 5 април 2017 година.
Ерматов и другите 10 лица се обвинети дека се соучесници во самоубиствениот бомбашки напад извршен од Акбарон Џалилов, узбекистански руски државјанин роден во Киргистан. Во експлозијата во метрото во вториот по големина град во Русија на 3 април 2017 година, загинаа 15 лица, а беа повредени 67 други. Обвинетите се изјаснија за невини на првиот ден од судењето на воениот суд.