САД ги отфрлија посочувањата дека санкциите за промена на политичкото однесување на Техеран ги попречуваат напорите за справување со големите поплави во Иран, и ги обвинија иранските власти дека лошо ја менаџираат актуелната кризна состојба.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во денешното соопштение објави дека поплавите "уште еднаш го покажуваат нивото на иранскиот лошото управување во урбанистичкото планирање и подготвеноста за вонредни состојби". "Нивното лошо управување довело до оваа катастрофа", додаде Помпео.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, и шефот на на Црвената полумесечина во Иран, посочија дека санкциите на САД ги попречуваат хуманитарните напори за справување со поплавите во кои загинаа над 47 Иранци oд десетици градови и села.