Обвинетите за бомбашкиот напад во Санкт Петерсбург се изјаснија невини

Метро станица во Санкт Петерсбург

Сите 11 обвинети за смртоносниот бомбашки напад во метро во Санкт Петерсбург во 2017 година се изјаснија за невини во воениот суд во вториот по големина град во Русија. Обвинетите за нападот во кој беа убиени 15 луѓе, а повредени 67 лица потекнуваат од поранешните земји од Советскиот сојуз.

Тие се обвинети дека се членови на терористичка група, дека извршиле терористички активности, како и тоа дека нелегално произведувале и продавале експлозивни направи.