Партијата на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе жалба на резултатите од локалните избори во сите 39 окрузи во Истанбул, откако според преброените гласови победи кандидатот на Републиканска народна партија, Екрем Имамоглу.
Турските медиуми вчера објавија дека владејачката партија ја изгуби власта во Анкара, првпат од нејзиното формирање во 2001 година. Истанбул е најголем град во Турција и трипати поголем од Анкара. Ердоган својата политичка кариера ја почна како градоначалник на Истанбул.