Хјуман Рајтс Воч бара да запре апсењето на кримските Татари

Хјуман Рајтс Воч го осуди неодамнешното апсење на 23 кримски Татари од страна на руските власти. Од организацијата порачаа дека се работи за невиден потег за интензивирање на притисокот врз кримските Татари кои во голема мера ја критикуваат руската анексија на полуостровот.

„Апсењата на Крим имаат за цел да ги портретираат политички активните кримски Татари како терористи со цел да ги замолчат“ изјави Рејчел Денбер, заменик директор за Европа и Централна Азија на Хјуман Рајтс Воч.

Таа повика да запре гонењето на кримските Татари и тие да бидат ослободени.