Тимошенко нема да ги оспори резултатите од изборите

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко,

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која не успеа да се квалификува за изборите во вториот круг од претседателските избори а официјалните резултати ја позиционираа на третото место во првиот круг, рече дека верува оти гласањето е "лажирано", но нема да ги оспори резултатите на суд. Тимошенко на прес-конференцијата во Киев денеска изјави дека изборите на 31 март - на кои победи комичарот Володимир Зеленски, а втор беше актуелниот претседател Петро Порошенко, биле "борба меѓу доброто и злото".

"Триесет и девет кандидати беа регистрирани со цел да се распрснат гласовите ... Исто така, беше регистрирано лице со исто презиме како и моето", рече таа.

Централната изборна комисија на Украина (ЦИК) на 2 април објави дека по пребројување на 98 проценти од гласовите, Зеленски победил освојувајќи 30,24 отсто, а Порошенко 15,93 отсто. Тимошенко освои 13,39 проценти и е натретото место. И покрај обвинувањата на Тимошенко, за фалсификат на изборите таа додаде дека нема да ги оспори резултатите, велејќи дека го почитува изборот на народот.