Избори, пожари, избори, пожари...

Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот Поткуп во кој беше обвинет премиерот Зоран Заеви ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.

МАКЕДОНИЈА - Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека на повеќе места низ Македонија се активни неколку пожари, а екипите се константно на терен и се борат со огнената стихија. Поради непристапноста на теренот, во Крушево и крушевско се интервенира и со специјализираната воздухопловна единица.

МАКЕДОНИЈА - Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ја почнаа изборната кампања. Пендаровски го има слоганот Заедно напред, а Силјановска слоганот Правда за Македонија, татковината повикува.

ТУРЦИЈА - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата Партија на правдата и развојот со голема разлика победила на изборите за градоначалници и им нанесла удар на оние што се обиделе земјата да ја фрлат на колена.

УКРАИНА - Комичарот без политичко искуство Володимир Зеленски освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Украина, околу 30 насто. Многу зад него, според излезните анкети, е актулениот претседател Петро Порошенко кој освоил 18 насто, додека поранешната премиерка Јулија Тимошенко добила околу 14 проценти од гласовите.

ВЕНЕЦУЕЛА - Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека владата ќе ја намали должината на работниот ден и ќе ги затвори училиштата во обид да ја рационализира потрошувачката на електричната енергија во услови на постојани прекини на снабдувањето со струја.

ИРАН - Иранска хуманитарна организација објави дека повеќе од 25.000 домови се уништени во поплавите во Иран, предизвикани од најголемите дождови кои се регистрирани во изминатата деценија.

ЈАПОНИЈА - Јапонија соопшти дека името на новата ера што ќе започне кога царот Акихито ќе отстапи кон крајот на месецов во корист на неговиот син Нарухито ќе биде Реива. Името се состои од два збора: Реј, што може да има значења поврзани со ред или среќен - и Ва, што обично се преведува како мир или хармонија.