Коснет: Трпението на САД има граници за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Филип Коснет, амбасадор на САД во Косово

Американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет соопшти дека САД се залагаат за поддршка на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија, но дека нивното трпение секогаш има граници и дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе остане посветен на ова прашање во иднина, доколку владите во Приштина и Белград не сакаат напредок за кратко време.

Говорејќи за дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, амбасадорот на САД за Радио Контакт плус изјави дека не може да предвиди кога може да се одржи следниот официјален состанок.

"Сакам да кажам дека мојата влада интензивно работи со владите на Косово и Србија да напредуваат и да го направат овој прогрес што е можно побрзо. Веруваме дека и двете влади се искрени во нивната желба да се види успех водијалогот.Но ние не губиме надеж, ние само треба да најдеме формула која ќе ни овозможи да го вратиме процесот на вистинскиот пат ", изјави Коснет.