Трамп најави разговори со Путин и Џин Пинг за Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека "најверојатно" ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џин Пинг за ситуацијата во Венецуела, бидејќи Вашингтон е на спротивната страна од кризата од Москва и Пекинг.

"Веројатно ќе зборуваме во одреден момент.Ќе разговарам со многу луѓе, можеби претседателот Путин, можеби претседателот на Кина", рече Трамп.

Кремљ денеска соопшти дека Соединетите Држависé уште не побарале телефонски повик со Путин за да разговараат за ситуацијата во Венецуела.

Коментарите следуваат откако Вашингтон го осуди распоредувањето на вооружените сили на Русија во Венецуела, при што високи официјални претставници на САД велат дека присуството на руски трупи ја дестабилизира земјата која веќе се соочува со политичка и економска криза.

"Силно ги предупредуваме актерите надвор од западната хемисфера да не ги распоредуваат воените средства во Венецуела или на други места во хемисферата, со намера да ги воспостават или прошират воените операции", изјавиамериканскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во изјавата објавена од страна на Белата куќа на 29 март.