Пожари беснеат во Пијанечко-малешевскиот регион

Алармантната состојба со пожарот во село Саса во Македонска Каменица полека се стабилизира. Синоќа околу 23 часот започна акција за евакуација на населението кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Според информации од самиот терен, во страшната огнена стихија селаните земале што може спаси и бегале од местото на пожарот.

Пожарникари кои се вратиле од гаснење на пожарот во 4 часот наутро велат дека состојбата се нормализирала со тоа што огнот се смирил. Според нив, се поизвесно е дека најверојатно денеска ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Во локализирањето на пожарот учествуваат екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција.