Ципрас - Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и романската премиерка Вјорица Данчила во Букурешт

Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила.

Алексис Ципрас рече дека Балканот не треба да биде област во која ќе постојат конфликти, несогласувања и наметнувања на волјата на трети сили.

„Балканот може да биде регион на мир и соработка, каде што земјите и даваат предност на потребата за соработка и мирно решавање на разликите, ќе ја стават во прв план придобивката за нивните народи и ќе дадат нова динамика“, истакна Ципрас.

Средбата на грчкиот премиер со неговата романска колешка беше во рамките на седмиот самит на Романија, Србија, Бугарија и Грција што денеска се одржува во Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина.