Денеска е последен ден од претседателската изборна кампања во Украина. Утре е изборниот молк, а гласањето е на 31 март.
За функцијата се натпреваруваат 39 кандидати, но само за тројца постојат реални шанси за победа. Фаворити за функцијата се актуелниот претседател Петро Порошенко, поранешниот премиер Јулија Тимошенко и комичарот Володимир Зеленски.