Ципрас во Скопје ќе се сретне со Заев, со Џафери, а ќе отвори и Бизнис форум

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас ќе ја посети земјава во вторник, 2 април. Предвидено е премиерите и делегациите на двете земји да имаат билатерални средби, а потоа и да одржат меѓувладина седница, по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери во Владата.

На агендата е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На крајот на посетата, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас.