Противпожарната служба на главниот град на Бангладеш, Дака, соопшти дека во големиот пожар во деловна зграда во бизнис квартот Банани, загинале 19 лица, а десетици други се повредени, објавија светските новински агенции. Телата на 13 луѓе се пронајдени на местото на настанот, а шест други лица починале во болниците.
Пожарот избувнал претпладне во деловната зграда „ФР Кула“ во Дака, по што голем број луѓе, барајќи спас од пожарот, скокале од прозорците на зградата, изјавија пожарникарите и спасувачите.