НАТО одлучи да му го продолжи мандатот на актуелниот Генерален секретар Јенс Столтенберг за уште две години, до 30 септември 2022 година, објави мисијата на НАТО во Скопје.
Сојузниците ја изразија својата поддршка за работата на Генералниот секретар за прилагодување и модернизација на НАТО способна за обезбедување и дејствување во иднина. Шеесетгодишниот Столтенберг е на чело на воениот сојуз од 2014 година.