Поддршка за СЈО од БЕСА и Алијанса за Албанците, „бомбите“ да бидат докази

Билал Касами и Зијадин Села

БЕСА и Алијанса за Албанците сметаат дека СЈО треба да продолжи да работи како посебен орган во Јавното обвинителство и тоа е главното нивно барање за да дадат поддршка за законот за јавно обвинителство. Бараат и бомбите да продолжат да се користат како докази во постапките, затоа што сметаат дека СЈО не ја исполнило целта и за изборен криминал казнило само претставник од албанската опозиција.

Тие начелно го поддржуваат законот за јавно обвинителство, но велат дека треба да се даде пример со казни и за сегашни функционери кои ја злоупотребиле службената должност.

Денешната средба на работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е трет обид за постигнување согласност за конкретниот закон. Последната средба заврши без успех, иако и двете страни тврдат дека преговорите не се пропаднати.