УПОЗ: Судскиот совет и судовите ќе се потрошат 250 илјади евра за возила

Синдикатот на УПОЗ денеска реагираше што ќе се набават нови возила за Судскиот совет и за судовите, а не се исполнуваат барањата за зголемување на платите на судските службеници, за додатоци на плата и за регрес за годишен одмор.

„Претседателот на судскиот совет пред неколку денови објави дека Судскиот совет ќе набави две возила, едно во во вредност од 40.000 евра, а другото во вредност од 16.000 евра. Од оние податоци кои ние можевме да ги најдеме отворени се или веќе се реализирани постапки за набавка на нови возила во Врховниот суд во вредност од 16.000 евра, Апелациониот суд Гостивар 28.336 евра, Основен суд Тетово 20.000 евра, Основен суд Велес 16.000 евра, Основниот суд Скопје 2 27.000 евра, Апелационен суд Штип 28.000 евра, Основен суд Штип 16.000 евра, Основен суд Битола 16.000 евра и Апелационен суд Битола 28.000 евра. Кога ќе се соберат сумите од овие набавки, произлегува дека Судскиот совет и судовите ќе потрошат приближно околу 250.000 евра, пари од работниците и државата за набавка на возила“, изјави Трпе Дејановски, генерален секретар на УПОЗ.