Нова средба на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство

Работните тимови на власта и на опозицијата денеска ќе одржат нова средба во обид да се постигне согласност за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. Средбата е закажана за 18 часот во Министерството за правда.

Двете страни, иако инсистираат на своите ставови, велат дека разговорите не се пропаднати.

Во меѓувреме, се одвиваат консултации за законот и со помалите парламентарни политички партии.