Ахмети на средба со Тимоние ја истакнал важноста од реформите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари работна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на која станало збор за последните случувања во земјата, реформите во судството, владеењето на правото, претседателските избори, но и европските парламентарни избори какои состојбата во регионот.

Ахмети ја истакнал важноста од спроведувањето на реформите во насока на владеење на правото и исполнување на европските стандарди, додавајќи го неговото очекување за постигнување на консензусот со опозицијата околу реформските процеси.

„ДУИ е целосно посветена во поддршката и спроведувањето на реформите со надеж дека во јуни овие наши напори ќе се земаат во обзир од Брисел“, соопштија од партијата.