Собранието усвои закони кои не беа потпишани од Иванов

Седница на Собранието

Собранието во рамки на денешната седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.

Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за изменување и дополнување на законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории, за слободен пристап до информации од јавен карактер и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Заменикот претседател на Собранието Горан Мисовски, информира дека согласно информацијата од претседателот дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, Собранието овие Закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.