Поранешниот руски министер Абизов во притвор за измама

Михаил Абизов

Поранешниот руски министер Михаил Абизов изјави дека не е виновен за измама и им порача на властите дека ќе соработува во истрагата. Судот по неговото вчерашно апсење му определи притвор на Абизов до 25 мај и покрај барањето на одбраната за негово ослободување со кауција од 15,5 милиони долари.

Абизов е обвинет за вмешаност во криминална група која проневерила околу 62 милиони долари од од сибирската енергетска компанија и регионалната електрична мрежа во Новосибирск. Абизов се смета за близок сојузник на рускиот премиер Дмитри Мдведев.