Пожар во близина на македонско-бугарската граница

Илустрација

Голем шумски пожар избувнал на границата меѓу земјава и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село. Екипите на шумското стопанство „Беласица“ од Струмица и од ТППЕ Струмица се на терен и го гаснат пожарот. Зафатена е ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост со површина од над 3 хектари.