Иранскиот претседател Хасан Рохани вети дека ќе ги обештатат сите погодени во поплавите во кои загинаа 26 луѓе. Тој ги опиша поплавите како „невидени“.
Рохани придружуван од неколку министри го посети погодениот регион Голестан. Властите потврдија дека во поплавите загинале 26 луѓе, а стотици се повредени.
Рохани вели дека се погодени 25 од вкупно 31 иранска провинција, и дека катастрофата ги надмината капацитетите на итните служби во некои области.