Одбраната бара Бучковски да сведочи во „Маѓар телеком“

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, денеска не дојде на рочиштето за случајот „Маѓар телеком“. Тој требаше да сведочи, но го известил судот дека е спречен да присуствува, поради обврски во работна група во Владата.

На денешното рочиште бранителот на обвинетиот Атила Сендреи побара да биде сослушан поранешниот премиер Владо Бучковски во чие време е потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком.

За ваквото барање на одбраната, специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ќе се изјасни на следното рочиште.

Следните рочишта за предметотшто го води Специјалното јавно обвинителство се закажани за 24 април и 8 мај.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат,
како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.