Собранието повторно за законите што не ги потпиша Иванов

Ѓорге Иванов

Законите за заштита од дискриминација и за оперативно техничката агенција и електронски комуникации денеска повторно треба да се најдат на собраниска седница, откако вчера претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за нивно прогласување.

Од СДСМ реагираа дека Иванов е кочничар на реформскиот процес, а од ВМРО ДПМНЕ најавија дека за законите ќе гласаат како и претходно.

Откако претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите и ги врати повторно на гласање во Собранието, тие треба да бидат објавени во Службен весник кога повторно ќе бидат усвоени.

Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Тој не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.