Анкета: Тесна разликата меѓу Пендаровски и Силјановска

Ако утре се одржат претседателски избори, 25 отсто од граѓаните би се изјасниле за Стево Пендаровски, 22,4 проценти за Гордана Силјановска, 10,9 отсто за Блерим Река, а 17,9 отсто не би поддржале ниту еден од овие кандидати, покажува анкетата спроведена од М-проспект за ТВ Телма.

Од анкетираните, вкупно 18,3 отсто сé уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат. Според проекциите за вториот круг, ако во трка се Пендаровски и Силјановска, 32,4 отсто од гласачите би го поддржале кандидатот на СДСМ, а 26,2 процента би биле за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.