Израел возврати со воздушни напади на Појасот Газа

Израелската армија започна со гранатирање на цели во Хамас низ Појасот Газа откако една ракета денеска погоди куќа Тел Авив односно во централниот дел на Израел при што рани седум Израелци. Армијата не соопшти повеќе детали за нападите но палестинските медиуми јавуваат дека се слушнале две големи експлозии во северниот дел на Газа и дека две беспилотни летала лебдат над градот. Безбедносните сили во Газа соопштија дека израелски воени авиони погодиле два воени објекти во Хамас и еден центар за обука. Амбулантни возила се упатени кон објектите, но засега нема повеќе информации за можни повредени или загинати.