Харадинај разреши заменик-министерка по нејзините коментари за интервенцијата на НАТО

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја разреши заменик-министерката за правда, откако таа нападите на НАТО против поранешна Југославија во 1999 ги нарече „планиран геноцид“. Хадинај ја разреши Весна Микиќ, со образложение дека во неговата влада, како и во другите институции во Косово нема место за поединци кои ги деградираат заедничкитена евро-атлантски вредности.

Заменик министерката вчера, на 20 годишнината во кампањата на НАТО во Србија, на Фејсбук напиша дека „НАТО извршила намерен планиран геноцид против суверена земја која се бореше против албанскиот тероризам во своите граници“.

Харадинај вели дека коментарите се неприфатливи и преставуваат говор на омраза.

Микиќ беше претставничката на Српската листа во Владата на Харадинај.