Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на посетата на Грузија, рече дека земјата ќе се приклучи на Алијансата и покрај жестокото противење на Русија. Столтенберг за време на посетата на Тбилиси се среќава со политичкиот врв, а ќе присуствува и на заедничките воените вежби на НАТО и Грузија.
Генералниот секретар на НАТО рече дека земјите членки јасно изјавиле дека Грција ќе стане дел од НАТО. Тој додаде дека една земја нема право да влијае на политиката на отворени врати на НАТО.
Грузискиот премиер Мамука Бахтазе рече дека членството во НАТО е избор на грузискиот народ.