Први парламентарни избори во Тајланд по државниот удар во 2014 година

По државниот удар во 2014 година, денеска во Тајланд се одржуваат првите општи избори на кои околу 50 милиони гласачи треба да изберат 500 членови на Претставничкиот дом.

Тајланд е под директно воено владеење од државниот удар во 2014 година, кога тогашниот воениот командант и актуелниот премиер Прајут Чан-оча ја собори владата поврзана со поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој е во егзил. Тој беше соборен со државен удар во 2001 година и замина во егзил за да избегне затворска казна, а од 2001 година партиите поврзани со него победуваа на сите избори.

На изборите се очекува висока излезност, откако тајландскиот крал побара да бидат „поддржани добрите лидери за да се избегне хаос во земјата“.