„Телеграф“: Се бара смена на Меј за да се спаси Брегзит

Тереза Меј

Британските медиуми објавија дека дел од министрите во британската Влада отворено се побуниле против премиерката Тереза Меј и побарале нејзина смена, а преговорите за Брегзит да ги заврши привремен премиер.

Според „Сандеј тајмс“, најмалку шест министри сакаат Дејвид Лидингтон, заменикот на Меј, да го преземе местото шеф на влада до регуларните избори. Весникот тврди дека министрите в понеделник, на владината седница, ќе се соочат со премиерката и ќе се заканат со масовна оставка доколку таа не се повлече. Весникот „Телеграф“ објави дека министрите со тоа сакаат да го спасат Брегзит и да спречат парламентот да ја преземе контролата над овој процес.

„Крајот е блузу. Заминува за десет дена“, објави „Сандеј тајмс“, цитирајќи неименуван министер во британската Влада.

Според „Дејли меил“, освен Лидингтон, поддршка од членовите на кабинетот имаат и актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант и министерот за екологија Мајкл Гоув.