Спасени сите 1300 патници во бродската несреќа крај брегот на Норвешка

Норвешките власти утрово соопштија дека сите 1.300 патници и членови на екипажот кои се наоѓале на крузерот, чиј мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени.

Во несреќата на крузерот „Викинг скај“, на кој најголем дел од патниците биле Британци и Американци, биле повредени 11 патници, соопштија локалните медиуми, на кои се повикаа светските новински агенции.

Во спасувачката акција учествувале неколку спасувачки бродови во текот на цела ноќ, а еден од бродовите имал проблеми со моторот, па двата хеликоптери биле пренасочени на спасување на екипажот и од тој брод. Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека временските услови биле непогодни, а брановите достигнувале висина до 10 метри.