Неколку здруженија и организации на противниците на британското истапување од ЕУ, денеска организираат марш низ улиците на Лондон и бараат втор референдум за Брегзит. Еден од организаторите на маршот, директорот на кампањата „Глас на народот“, Џејмс Мекгрори изјави дека движењето кое бара одржување на втор референдум за Брегзит, во моментов е „најголемо масовно движење во Велика Британија“.
За маршот се ангажирани над 200 автобуси од цела Велика Британија за превоз на учесниците на маршот во Лондон. Во меѓу време, иницијаторите на петицијата за отфрлање на Брегзит соопштија дека за само три дена собрале четири милиони потписи.