Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека запрлениле пратка од јужноамрикански наркотици во вредност од околу 51 милиони долари.
СБУ велат дека нашле повеќе од четвртина тон кокаин скриен во „контејнери со банани“, за време на инспекција во јужноамерикански карго брод закотвен на пристаништето во Одеса на Црното Море. Во соопштението не е идентификувана земјата на потекло на бродот.
„Брзата анализа идентификуваше пакуван прашок како кокаин“, се вели во денешното соопштение на СБУ.
„Вкупната тежина на дрогата е 257 килограми и проценетата вредност на врниот пазар е повеќе од 51 милиони долари“, се вели во соопштенито.
Исто така е наведено дека дрогата била наменета за европскиот пазар и дека е отворен кривичен случај за шверц на дрога во голем обем. Исто така започната е истрага за идентификување на можни осомничени во случајот, велат од СБУ.