Шестмина загинати во напад на ИД во Кабул

Човек стои покрај остатоците од една од експлозиите во Кабул. 21.3.2019.

По повеќекратни експлозии денеска загинаа најмалку шест луѓе и 23 беа повредени во близина на шиитски храм во кабул, соопштија авганистански официјални претставници.

Групата на Исламската држава презеде одговорноста за нападот. Две деца се меѓу повредените во експлозиите, изјви директорто на Службата за итни случаи Мухамад Асим.

Имаше контрадикторни извештаи за причината за експлозиите во близина на светилиштето Шахит Карти Шиите и гробиштата во западен Кабул, населба која во голем дел е населена со шиитски муслимани.

Портаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека првичната истрага укажува дека три експлозивни направи биле детонирани од далечина кои експолдирале во време кога луѓето се собирале да го одбележат празникот Норуз.

Но, авганистанското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека три ракети биле испукани кон цивилни домови и кон собирите за празникот, додавајќи дека безбедносните сили ги уапсиле напаѓачите и ја обезбедиле областа.

ИД во порака на Телеграм велат дека „војниците на калифатот“ детонирале три експлозивни направи, тврдејќи дека 50 луѓе се убиени и повредени во нападот.